Маск би можел да отпушти поголем дел од работниците на Твитер

Сподели со своите пријатели

Работниците на Твитер се огласија на социјалните мрежи дека стравуваат дека ќе бидат отпуштени откако се појавија документи кои покажуваат дека Елон Маск планира да ја намали работната сила за 75 отсто.

Loading...

Спорните документи до кои дојде Вашингтон пост откриваат дека милијардерот им рекол на потенцијалните инвеститори во бизнисот вреден 44 милијарди долари дека планира да отпушти три четвртини од своите 7.500 работници.

Тоа ќе ја остави компанијата со само основна работна сила од околу 2.000 работници, што според експертите ќе ѝ отежне на компанијата за социјални медиуми да го отфрли она што го гледа како „дезинформација“.

Сега, голем број работници стравуваат дека би можеле да бидат меѓу повеќе од 5.000 отпуштени од компанијата кога Маск (51) ќе ја преземе функцијата.