Машкиот ракометен клуб Куманово ја напушта Првата машка ракометна лига на Македонија, согласно одлуката донесена на состанокот одржан помеѓу членовите на Управниот одбор и ракометарите.
Како што се наведува во соопштението, одлуката да не се продолжи со понатамошното тренирање и натпреварување во првата лига е поради неисполнување на барањата на играчите.
Воедно на одржаниот состанок оставки поднесоа претседателот и Управниот одбор на МРК Куманово, стои во дописот од клубот.