Машки труп пронајден во водите на реката Пчиња

Сподели со своите пријатели

Во село Студена Бара, кумановско, во река Пчиња е пронајден беживотен машки труп кој се уште не е идентификуван, потврдуваат од полицијата.

Од таму велат дека телефонски во 15 часот од жител на селото било пријвено во полицијата , која веднаш заедно со обвинител и лекар излегла на местото на настанаот.

Од Основното јавно обвинителство Куманово, за Кумановски Муабети ја потврдија информацијата и рекоа дека син на жртвата извршил идентфицикација на трупот, но поради степенот на распаѓање ќе биде направена ДНК анализа за утврдување на идентитетот на жртвата. Телото е предадено на обдукција, а во текот на утрешниот ден ќе биде познат идентитетот и причините за смртта.

Увид на местотот на настанот извршија обвинител од ОЈО Куманово и СВР Куманово, а во извлекувањето на телото според мештаните на селото Студена бара во извлекувањето на телото биле вклучени и припадници на Територијалната противпожарна единица Куманово.