Машинскиот факулет ќе го вештачи лифтот што усмрти шестгодишно дете во Куманово

Сподели со своите пријатели

Основното јавно обвинителство – Куманово издаде наредба за вештачење на лифтот во кој вчера загина 6-годишно момче. Вештачењето ќе го вршат експерти од Машинскиот факултет во Скопје по што треба да се знаат точните причини и детали за несречата.

Во полициско присуство лифтот е целосно обезбеден и изолиран по наредба на јавен обвинител, а во исто време издадена е наредба за одземање на севкупната документација од фирмата задолжена за сервисирање на лифтот, како и прибирање на друга неопходна документација потребна за расветлување на случајот.

Телото на починатото момче уште вчера беше предадено на обдукција.