Мартинијан со одличен настап, Карлеуша ќе биде неговиот ментор

Сподели со своите пријатели

Кумановецот Мартинијан Кириловски вчеравечер настапи во шоуто „Ѕвездите на гранд“ каде учествува по трет пат.

Како и секогаш, и вчера го покажа својот неверојатен талент со изведба на песните „Грлица“ и „Параноја“ од Жељко Самарџиќ, односно Тропико бенд, при што доби три гласа, а Јелена Карлеуша изрази желба да биде неговиот ментор.

Доби и прекрасни коментари особено од Карлеуша кој му кажа дека е млад, згоден и талентиран и дека таков пакет лесно минува особено кај жените.

Ова е трета година како Мартинијан учествува на оваа музичко натпреварување, но секако веќе ги има освоено симпатиите и на македонската и на балканската публика.

фото: grand.online

Leave a Reply