Мартинијан Кириловски, Ивона Јовановиќ и Мартија Станојковиќ заедно со танцовото студио „Мак Денс“ и околу 300 до 400 среднопколци ќе бидат дел од церемонијалното отворање на спортската средношколска манифестација „Гимназијада 2016“, објави вчера Радио Бум.
Инаку, околу илјада средношколци од цела Република Македонија од денес до 7ми мај ќе се антпреваруваат во неколку спортски дисциплини во вкупно осум спортски сали и фудбалски терен, а сето тоа во организација на Сојуз на спортови при Опптина Куманово, Градоначалникот и Советот на општината, Агенцијата за млади и спорт, како и Фондацијата за училишен спорт на Република Македонија.
На свеченото отворање кое вечерва во 20 часот ќе се одржи во градската Спортска сала се очекува обраќање на градоначалникот на Општина Куманово, Зоран Дамјановски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасевски и раководителот на Секторот за образование при Општина Куманово Жика Крстевски.
За целосната организација од општинскиот Буџет ќе бидат издвоени еден милион денари.