Мартија со новата песна „Не барај ги ангелите” (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Мартија ја објави својата нова песна и видео запис „Не барај ги ангелите“.

Станува збор за емотивна балада за која пејачката истакнува дека е нејзината најлична песна досега.

Истата ќе биде дел од нејзиниот прв студиски албум на кој работи во изминатиот период.

Музиката и продукцијата се на Дарко Димитров, аранжманот на Роберт Билбилов, додека текстот е на Робин Зимбаков.

Стајлингот за видео записот е реализиран во соработка со Љупка Митрова и Mitroff.

Видео записот е во продукција на Sustain Production, во режија на Даниел Јовески и е достапен на нејзиниот официјален YouTube канал:

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Шведска „подарува“ острови: Условите за натпреварот никогаш не биле поедноставни!