Марш за родова рамноправност во Куманово (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Традиционално и годинава во Куманово се одржа Маршот за родова рамноправност по повод Денот на жената, а во организација на здруженијата Јустиција, Фибула и Цивис.

https://www.instagram.com/p/Buv6Q9qF5NA/

Сиромаштијата е сексистичка и жените се помалку платени, рече Оливера Доцевска од организацијата Јустиција, која посочи дека и жените спортистки се и помалку наградувани.

– Положбата на жената во општеството мора да биде унапредена. Денеска сме тука не само за унапредување на политичката одговорност на жените, туку сме тука да крикнеме гласно за секоја жена зад фабриките, за секоја жена на нивите, за секоја жена која денеска го чувствува овој ден како свој и чиишто права треба да бидат унапредени, рече Доцевска.

https://www.instagram.com/p/Buv7-ZBlSqN/

Станува збор за 5ти марш за рамноправност во Куманово, на кој како и изминатите години, од градскиот плоштад се маршираше до споменикот на жена борец.

https://www.instagram.com/p/Buv-lizle7O/
https://www.instagram.com/p/BuwBb2El2EC/

Leave a Reply