Мароко започнува со испорака на помош за Газа по воздушен пат

Сподели со своите пријатели

Денеска Мароко ќе почне да испорачува помош за северниот дел на Појасот Газа по воздушен пат, објави израелскиот јавен сервис Кан.

Loading...

Според извештаите, шест транспортни авиони на кралското мароканско воздухопловство се на пат за Израел и ќе слетаат на аеродромот Бен Гурион во Тел Авив за да наполнат гориво пред да летаат за доставување хуманитарна помош во северниот дел на Појасот Газа.

Испораката на помошта е координирана со Израел, објави „Тајмс оф Израел“.

САД и Јордан се меѓу земјите кои доставија помош до Појасот Газа по воздушен пат за да се олесни тешката хуманитарна ситуација во која, поради конфликтот меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас, во енклавата има повеќе од два милиони Палестинци. јавува Танјуг.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во Центрите за хуманитарна помош во Газа, досега убиени 613 лица

Проблемите во распределбата на помошта по копно ги натераа земјите да почнат да доставуваат помош за Појасот Газа по воздушен пат, а се планира и испорака на помош по морски пат, па американскиот претседател Џозеф Бајден ѝ нареди на американската војска да изгради привремен пристанишен систем во Газа, на брегот на Средоземното Море.