Судот во Мароко го осуди Саид Букиуд (48) на пет години затвор затоа што го критикувал кралот на земјата Мохамед Шести за нормализирање на односите со Израел преку објави на Фејсбук.
„Оваа казна е сурова и неприфатлива“, изјави неговиот адвокат Ел Хасан Есуни, според Гардијан.
Тој додаде дека и покрај критиките за нормализирање на односите со Израел, неговиот клиент немал намера да го навреди кралот.
Букиуд беше осуден според член 267-5 од Кривичниот законик, кој предвидува затворска казна од шест месеци до две години за секој што ја поткопува монархијата.
Меѓутоа, таа казна може да се зголеми на пет години доколку делото е сторено јавно, вклучително и електронски.
Објавата беше објавена на крајот на 2020 година кога Букиуд живеел и работел во Катар.
Кога дознал дека против него е отворен случај во Мароко, ја избришал објавата.
Според мароканскиот устав, надворешната политика е одговорност на монархот, кралот Мохамед Шести.
Мароко и Израел ги нормализираа односите во декември 2020 година според таканаречените Авраамски договори, кои беа поддржани од Соединетите Американски Држави.