Мароко: Најмалку 15 загинати во автобуска несреќа

Сподели со своите пријатели

Најмалку 15 лица загинаа, а 37 се повредени при превртување на автобус денеска источно од Казабланка, економската престолнина на Мароко, соопштија локалните власти.

Loading...

Автобусот се превртел на страната на патот во провинцијата Курибја, пренесоа агенциите.

Автобусот сообраќал на линија од Казабланка до руралниот регион Аит Атаб во подножјето на планините Атлас.

Повредените се пренесени во болницата во Курибџа, а причината за несреќата се истражува.

Според податоците на мароканската национална служба за безбедност на патиштата, во таа земја годишно умираат околу 3,5 илјади луѓе во сообраќајни несреќи, додека околу 12 илјади се повредени.

фото: илустрација