Младиот кошаркарски талент Марко Трајковски од Куманово, реди успеси зад себе. На натпреварот против К.К. Лирија 77 од Скопје, играјќи за својот тим Милановски успеа да постигне дури 33 поени со што убедливо го однесе својот тим до победа.
Ова не е првпат Трајковски да се покаже во најдобро светло, досега Марко има добиено над 20 награди и медали кои доволно говорат за неговиот огромен талент.
Марко веќе 6 години активно тренира во К.К. Милановски заедно со својот тренер Даниел Милановски, а од оваа година е меѓу учениците во Спортската академија во Скопје, каде продолжува со своите успеси.