Марко Трајковиќ од Театар Куманово освои награда за најдобра машка улога на ИФАД „Стоби“ (ФОТО)

Сподели со своите пријатели

Актерот Марко Трајковиќ од Театар Куманово е добитник на наградата за најдобра машка улога на Интернационалниот фестивал на античка драма – ИФАД „Стоби“ 2025, за својата интерпретација на Калигула во истоимената претстава.

 

 

Жирито во состав Јордан Витанов, Кристина Атанасова Арсова и Фаик Мефаилоски, со едногласна одлука ја додели наградата, оценувајќи дека Трајковиќ „ја толкува сложената фигура на Калигула со извонредна психолошка длабочина и интензитет“.

 

 

Според образложението, неговиот настап „ја открива тенката линија меѓу лудилото и апсолутната моќ, претворајќи ја класичната драма во живо, современо размислување за човековата природа и општествените механизми на контрола“.

 

 

Свеченото затворање на фестивалот се одржа во театарот „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ во Велес, со изведба на претставата „Лекција“ во копродукција на Народен театар Штип и „Моушн нетворк“.

Овогодинешното издание на ИФАД „Стоби“ собра театри од Македонија, Италија и САД, а признанието за Трајковиќ е уште едно потврдување на уметничката сила и креативниот подем на кумановски театар.

Никола Ивановски