Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија Марко Ѓуриќ открива што го предизвикало приведувањето во Косовкска Митровица на 26 март годинава при однапред најавената посета кога било предвидено одржување на кружна маса на тема внатрешен дијалог на Косово.
Тој детали откри гостувајќи во една телевизиска емисија каде раскажа што била причината за неговото апсење на Косово.
Имено, при состанокот во Брисел, непосредно пред настаните во Косовкса Митровица, еден чекор на Ѓуриќ ги изиритирал претставниците на Косово, за што зборува и претседателот на Србија Александар Вучиќ.
– Се насмеав, рекол Ѓуриќ. Како вели тоа ги разгневило Албанците кои тогаш отворено му се заканиле.
– Ќе ме запамтиш? Тоа ли го кажаа? – праша водителот, а Ѓуриќ потврди дека рекле нешто во тој стил и додаде дека насмевката била ироничан реакција на нереалните барања на приштинската делегација.
– Не можете да очекувате да не дадете ништо, а Србија да даде се, рекол Ѓуриќ и ги повтори ставовите на Владата на Србија.