Маркет и угостителски објект ограбени викендов во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во два одвоени случаи викендов во Куманово биле ограбени маркет и угостителски објект, информираат денеска од Секторот за внатрешни работи Куманово.

Loading...

– На 26.12.2021 година во 08.55 часот во СВР Куманово било пријавено дека во маркет на булеварот „3-та МУБ“ било влезено со употреба на сила и биле одземени пари, стои во соопштението на кумановската полиција.

Истиот ден во 15:00 часот била пријавена кражба во угостителски објект.

– На 26.12.2021 година во 15.00 часот во СВР Куманово, С.М.(51) пријавил дека во угостителски објект на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово било влезено со употреба на сила и биле одземени пари и други предмети, информираат од кумановската полиција.

Оттаму додаваат, дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски