Мариупол на работ на хуманитарна катастрофа: 160.000 луѓе заробени без струја, вода и храна

Сподели со своите пријатели

Мариупол, пристанишен град во јужна Украина, е на работ на хуманитарна катастрофа и мора да биде целосно евакуиран, изјави градоначалникот Вадим Бојченко, пренесува Ројтерс.

Loading...

Градоначалникот на Мариупол истакна дека околу 160.000 цивили се заробени во градот без струја.

 

Коронавирус во тимот на Бајден кој беше во Полска

 

„Истовремено 26 автобуси чекаа да ги евакуираат цивилите, но руските сили не се согласија да им дозволат безбедно поминување“, рече Бојченко.

Тој додаде дека Русија „игра со нив“.

„Русија негира дека цели цивили и ја обвинува Украина за повторените неуспеси во договорот за безбедни коридори за заробените цивили“, заклучи Бојченко.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Бурата Берт ја зафати Британија, четири лица загинаа (ВИДЕО)