Марио Арангеловски со нова песна на српски јазик (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Пред неколку дена, во свечената сала при Занаетчискиот дом во Куманово, младиот пејач Марио Арангеловски ја промовираше својата прва песна на српски јазик со видео запис, по своето учество во најгледаното регионално музичко шоу “Ѕвездите на Гранд” каде што се стекна со големо искуство и сериозен успех, иако не успеа да се пласира во финалето.

Loading...

 

 

Песната “Воли ме” е дело на Иле Спасев и Саша Миниќ, а истата беше екранизирана од страна на екипата од познатата македонска продукција “Урбан рекордс” на чело со Гордан и Били.

 

 

Loading...

На промоцијата присуствуваа голем број на негови роднини, пријатели, соработници но и колеги, како што се Ивона Јовановиќ, Мартинијан Кириловски, Драгана Јовановска, Иван Ајнштајн, Кике Цветче, Тања Јовановска и многу други.

 

 

Песната е достапна на сите платформи за дистрибуција за музика, а најистакнати бројки се забележуваат на YouTube каде што Марио и претходно беше активен со многубројни влогови и видеа од забавно – хумористичен карактер, по што и стана препознатлив на помладата публика.

 

Leave a Reply