Марија да Консеисао (47) реши да ги остави предрасудите на страна.
Со текот на времето, таа стана популарна на социјалните мрежи, каде ги повикува луѓето да се прифатат себеси такви какви што се.
На Инстаграм е позната како „Барбудиња“ (брадата), а претходно откри дека „не ги допирала влакната на лицето, затоа што боледува од вишок тестостерон“, пренесува Lakalle Blue Radio.
„Тетка ми имаше брада, но ја избричи. Тоа е генетско за нас. Кога мајка ми ги забележа првите влакна на моето лице, почна да ги бричи. Се плашеше од предрасуди, дека луѓето ќе ми се смеат“, изјави Марија од Бразил.
View this post on Instagram
Кога станала полнолетна, решила повеќе да не ги бричи влакната и конечно почнала да се „чуствува комплетна“.
Марија е во брак со Тињо Силва, а заедно се 17 години.
Одлуката да пушти брада за малку ќе довела до развод, но на крајот тој ја прифатил.
Покрај тоа, тој ја поттикнал да биде активна на социјалните мрежи.
Неговата сопруга е многу активна на мрежата и се обидува да испрати силна порака до луѓето – „Сакајте се такви какви што сте“.
View this post on Instagram