Марија и Боба откриваат детали за продолжението на „Жикина династија“

Сподели со своите пријатели

Веста дека ќе се снима продолжението на култниот филм „Жикина династија“ ги воодушеви сите.

Loading...

„Луда година“ е продолжението, но и таканаречен reboot на „Жикина династија“, односно ќе ја продолжи приказната за еден од ликовите што веќе го имаме гледано во филмот.

Тоа же биде Никола Којо, кој ќе го игра внукот на Жика, Миша, исто како и во оригиналот.

 

 

Тој сега е татко на две момчиња, од кои едното е тинејџер, на прагот на „тие“ луди години, а ќе ги видиме и актерите Ријалда Шебек и Владимир Петровиќ во нивните улоги на „Марија и Боба“.

Владимир открива дека, кога бил поканет, веднаш се сетил на филмот „Луди години“, со кој започнало сè.

Loading...

– Кога ја добив поканата да ја продолжам оваа серија, најпрво помислив на првиот филм „Луди години“, со кој започна сè. Од тогаш поминаа 40 години. Помладите луѓе се сеќаваат на тоа како ТВ-серија, но е направена како серијал на кино-филм. За неколку години, имавме повеќе продолженија од некои светски блокбастери од тоа време. Тоа беше првата домашна филмска серија. Пред тоа имаше само телевизиски серии – рече тој и додаде дека ја видел „Марија“.

 

 

– Ја видов Ријалда. Таа веќе долго време е во странство. Инаку, на снимањето ништо не ми беше тешко бидејќи сето тоа го доживеав како голема игра. Ме интересираше сè пред себе, но и зад камерата. Филмот е прекрасна магија и синтеза на сите гранки на уметноста. Најмногу се сеќавам на гостувањето на филмскиот фестивал во Пула. Никогаш не сум видел поголем филмски екран и никогаш и не сум бил пред голема публика пред и после тоа. Поради сето тоа, чувствувам одговорност и обврска повторно да се појавам во оваа филмска серија што ја одбележа младоста на мојата генерација – рече тој.

Неизбежно било и прашањето по што ќе го памети Драгомир Бојаниќ – Гидра кој ја играше улога на Жика Павловиќ, за кој вели дека многу му помогнал со своето знаење и искуство.

 

Вака денеска изгледаат Марија и Боба

 

Loading...

– Гидра беше вистински татко. Тој ме викаше сине и надвор од сетот. Тој многу ми помогна со своето знаење и искуство. Немавме шанса да се дружиме надвор од снимањето затоа што после последната клапа сите отидовме на некои други работни места. Јас би рекол дека е уште полошо денес. Презаситени сме со обврски, па се помалку се гледаме и се дружиме со пријателите и роднините – рече „Боба“, додека Ријалда открива како ќе ги памети и Гидра и Јелена Жигон.

– Се сеќавам на сензуалноста, воздржаноста и топлината на Јелена, но и генијалноста на Гидра да гледа контрасти во ситуации и да извлекува хумор од нив – рече таа.

Извор: блиц.рс

Leave a Reply