Марихуана пронајдена кај млади лица во Кратово и Крива Паланка

Сподели со своите пријатели

Надворешната канцеларија за криминалистички Кратово поднесе кривична пријава против Е.Ј.(25) од Кратово поради постоење основи на сомнение дека сторила кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Loading...

Како што пјаснуваат од полицијата, на 20.09.2019, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавената во Кратово, при што пронашле и одзеле марихуана и семки од марихуана.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Пaланка поднесе кривична пријава против К.М.(22) и А.Б.(23), двајцата од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело истото кривично дело.

Според МВР, на 29.05.2019 полициски службеници извршиле преглед на А.Б., при што пронашле и одзеле марихуана. Истиот ден, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории на К.М., при што пронашле и одзеле марихуана.

Leave a Reply