Марихуана пронајдена кај 19-годишна кумановка

Сподели со своите пријатели

Деветнаесетгодишна кумановка рано утринава била приведена, откако полицијата кај неа пронашла марихуана.

Loading...

– Денеска (10.06.2022) во 02.00 часот на ул.„Драган Стопаревиќ“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ја лишиле од слобода Д.И.(19) од Куманово, затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана, информираат од Министерството за внатрешни работи. 

Како што додаваат од полицијата, по целосно документирање на случајот против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  11 претстави на годинешното издание на „Денови на комедија“ (ВИДЕО)