Марихуана и мобилни телефони викендов биле пронајдени во ќеса во кругот на кумановскиот затвор.
Loading...
– На 02.07.2022 околу 12.00 часот во СВР Куманово, од Казнено-поправната установа Затвор Кшање, Куманово било пријавено дека во кругот на затворот била пронајдена ќеса со марихуана и два мобилни телефони, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Полициски службеници од СВР Куманово извршиле увид на местото, а дрогата и предметите биле подигнати за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.
Никола Ивановски