На која личност помислувате кога ќе помислите на Германија, Италија или Австрија?
Многумина сигурно ќе помислат на една од најпознатите личности од тие земји, онаа што оставила неизбришлив белег врз историјата, културата и општеството.
Може да биде, на пример, истакнат политичар кој обликувал нација, легендарен спортист кој ги поместил границите на човечките можности или генијален уметник чии дела го збогатиле светското наследство.
На социјалните мрежи се појави карта на Европа, на која се прикажани најпознатите личности од секоја земја.
Така, Италија е „претставена“ од Леонардо да Винчи, Шпанија од Кристофер Колумбо, а Португалија од Кристијано Роналдо.
На картата има и политички личности – Адолф Хитлер во Германија, Володимир Зеленски во Украина, Владимир Путин во Русија…
Што се однесува до Македонија, најпознатиот човек е всушност историска личност, а станува збор за Александар Македонски.
Most Famous Person in European Countries!
byu/Redstream28 inMapPorn

