Нина Агдал дефинитивно знае како да го сврти вниманието кон себе, а се чини дека пука од самодоверба и нема проблем да му го покаже на светот своето голо тело, без ниту едно парче облека.
Познатата данска манекенка неодамна сподели голо селфи во огледало на Инстаграм, а на него не носи ништо – ниту гаќички, ниту градник.
Нина вешто позираше, па поради карактеристичната поза не и се гледа најинтимниот дел од телото, додека градите ги покриваше со рака. Манекенката се пофали со извајана, затегната фигура која ја должи на напорните тренинзи во теретана, но и во боксот.
Очекувано, фотографијата крена вистинска бура, а покрај стотиците илјади лајкови, собра и бројни комплименти. „Жешко, жешко, жешко“, „О Боже, ти си убава и толку природна“, „Мислам дека ти си единствената преостаната природна убавина“, „Ти си убава“, „Ти си неверојатно секси“ „Какво тело, какво тело“,се само дел од коментарите.
View this post on Instagram
Инаку, убавата 29-годишна девојка во неколку наврати прилично отворено зборуваше за проблемите со кои се соочувала во модната индустрија – од тоа што едвај можела да најде работа бидејќи не спаѓа во групата на класични слаби, но дури и ако се сликала, нејзините фотографии потоа биле фотошопирани.