Мамути повторно ќе чекорат по земјата? Научниците планираат да го оживеат џинот од историјата!

Сподели со своите пријатели

Десет илјади години откако волнестите мамути исчезнале од лицето на Земјата, научниците започнале амбициозен проект за враќање на овие sверови во арктичката тундра, што сега го знаеме само од цртаниот филм „Ледено доба“ (мамут Мени).

Loading...

За можноста мамутот да заживее и да се врати во дивината се зборува со години, понекогаш дури и доста сериозно, но на почетокот на неделата, истражувачите објавија дека пронашле нешто што може да го оствари нивниот сон.

Станува збор за 15 милиони долари донирани од компанијата за бионаука и генетика Колосал, основана од Бен Лам, претприемач за технологија и софтвер и Џорџ Черчи, професор по генетика на Харвард.

 

 

Научниците сега имаат намера да создадат хибрид од слон и мамут со тоа што ќе направат ембриони во лабораторија кои имаат мамутска ДНК.

Првиот чекор е да се земат клетки од кожа од азиски слонови, кои се загрозен вид, и да се репрограмираат во поразновидни матични клетки кои содржат ДНК од мамут.

Loading...

Одредени гени одговорни за крзното од мамут, слоеви на маснотии и други адаптации на студената клима се идентификувани со споредување на геномите на мамути добиени од остатоците пронајдени во вечниот мраз со оние добиени од азиските слонови.

Овие ембриони потоа ќе бидат трансплантирани во сурогат мајка или, можеби, во вештачка матка. Ако се оди според планот – и тоа е голема ако, научниците се надеваат дека ќе ги добијат првите младенчиња во следните шест години.

– Нашата цел е да создадеме слон кој ќе биде отпорен на студ, но што ќе изгледа и ќе се однесува како мамут. Не затоа што се обидуваме да измамиме некого, туку затоа што сакаме нешто што е функционален еквивалент на мамут, кој ужива во минус 40 и прави се што прават слоновите и мамутите, особено соборување на дрвјата – рече Черчи за Гардијан.

 

 

Проектот беше претставен како обид да се зачуваат азиските слонови со тоа што ќе бидат „опремени“ со некои карактеристики што ќе им помогнат да преживеат во таканаречената „мамутска степа“ на Арктикот, пренесува Курир.

Научниците исто така веруваат дека стадо хибриди слонови-мамути во арктичката тундра би помогнало повторно да се воспостави деградираното живеалиште и да се забават последиците од климатската криза.

Loading...

На пример, со соборување дрвја, овие sверови може да помогнат во обновата на поранешните арктички низини.

Има и такви кои не се убедени дека создавањето животни слични на мамути во лабораторија е најефикасниот начин за обновување на тундрата.

– Мое лично мислење е дека даденото објаснување – дека можете да направите гео – инженеринг на околината на Арктикот со помош на стадо мамути, не е веродостојно – вели д-р Викторија Хериџ, еволутивен биолог во Природонаучниот музеј во Лондон.

– Обемот на овој експеримент е огромен. Ова е приказна за стотици илјади мамути, на секој од нив му треба 22 месеци бременост и 30 години за да достигне зрелост – изјави Хериџ.

„Нашата цел не е само да вратиме мамути, туку и да вратиме стада што можат да се парат и на тој начин успешно да го оживеат Арктикот“, рече Лам за британскиот весник.

 

 

Loading...

Засега, не е јасно дали азиските слонови би биле расположени да се парат со мамути.

„Можеби ќе треба прво да ги избричиме“, рече Черч.

Герет Феникс, професор по растителни и глобални еколошки промени во Шефилд, верува дека иако се потребни различни пристапи за борба против климатските промени, потребни се и разумни решенија за да се избегнат несакани, штетни последици.

– Тоа е огромен предизвик на Арктикот каде што имате различни екосистеми кои постојат под различни временски услови – рече тој.

– На пример, мамути се предложени како решение за исчезнување на вечниот мраз, бидејќи тие ќе ги отстранат дрвјата, ќе ја газат и ќе ја набијат земјата и на тој начин ќе ја вратат тревата, што може да ја одржува културата на почвата. Сепак, знаеме дека во пошумените делови на Арктикот, дрвјата и мовот што ја покриваат земјата може да бидат клучни за заштита на вечниот мраз. Затоа, отстранувањето дрвја и газењето мов би било последното нешто што сакате да го направите – вели професорот.