Во идиличниот залив Сидро, на северозапад од островот Малта, се наоѓа една од омилените скриени атракции на Медитеранот.
Селото Свитевн е познато како селото на Попај, местото каде што живее познатиот цртан херој. Овој факт е вистинит само во имагинацијата, но туристите го обожаваат.
View this post on Instagram
Пред повеќе од 30 години, овој залив во облик на сидро бил само еден од прекрасните заливи и плажи на Малта, а потоа бил избран за место каде ќе се гради сценографијата за холивудскиот филм за познатиот морнар Попај.
Филмот го направиле познатите куќи „Дизни“ и „Парамаунт“, а главната улога на шармантниот морнар и „љубител на спанаќ“ ја имал омилениот комичар Робин Вилијамс.
View this post on Instagram
Денеска некогашниот филмски сет е претворен во туристичка атракција и музеј на отворено.
Во селото има вкупно 19 автентични куќи, а сите останати се колиби.
Се градел седум месеци, а за изградба на куќите се користело дрво увезено од Холандија. До плажата е изграден насип со цел да се заштити тогашниот филмски сет од големи бранови.
View this post on Instagram
Ќе остане запаметено дека филмот за Попај не постигна голем комерцијален успех, но затоа Малта денес има едно од оригиналните луди места за забава.
Покрај волшебните куќи од бајките, селото содржи и бројни музеи, игротеки, атракции за љубителите на детското планинарење, идилична плажа, магични мини-крстарења и многу други забави.
Во рестораните на менито има неизбежни специјалитети со спанаќ, а во центарот на селото има кино во кое се прикажуваат цртани филмови за Попај.
View this post on Instagram
Омилен сувенир на селото е лименка спанаќ со ликот на Попај.