Седумгодишна малолетничка се здобил со тешки телесни повреди откако вчеравечер во него удрил 23-годишна девојка со „голф“ на булеварот „Октомвриска револуција“ во Куманово.
– На 05.02.2026 околу 19:05 часот во СВР Куманово е пријавено дека на бул.„Октомвриска Револуција“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишната С.В. од Куманово, удрило во седум годишна малолетничка од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, малолетното лице се здобило со повреди констатирани во Општа болница Куманово од каде лицето е префрлено во Ургентен центар „Мајка Тереза” во Скопје.
Увид извршила екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски

