Седумнаесетгодишник од липковско Отља е тешко повреден откако со „ауди“ излетал од патот Граничен премин Белановце – Куманово.
Loading...
– На 28.05.2025 околу 23.30 часот во СВР Куманово е пријавено дека на регионалниот пат Граничен премин Белановце-Куманово, атар на с.Слупчане, општина Липково, патничко возило „ауди“ со кумановски регистарски ознаки, управувано 17-годишник од с.Отља, општина Липково, излетало надвор од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што додаваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил малолетникот, констатирани во Општата болница Куманово.
– Извршен е увид од увидна екипа од СВР Куманово, стои во соопштението.
Никола Ивановски