Mалолетник од Куманово затекнат при обид да запали кабли, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Малолетник од Куманово вчера околу пладне бил затекнат како се обидува да запали кабли на локацијата „Бавчи“, по што бил приведен.

Loading...

– На 13.07.2025 во 12.50 часот полициски  службеници од СВР Куманово лишиле од слобода малолетник од Куманово, затоа што во место викано „Бавчи“ во Куманово бил затекнат при обид да запали бакарни кабли, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Тешко повредена девојка од Старо Нагоричане, со „ауди“ излетала од пат