Малолетник од Куманово затекнат при кражба, полицијата го привела

Сподели со своите пријатели

Седумнаесетгодишник од Куманово бил приведен вчера откако полицијата го затекнала при обид да изврши кражба од приватен имот.

Loading...

– На 16.10.2024 во 20.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17 – годишник од Куманово. Тој бил затекнат при обид да одземе предмети од приватен имот на улица „Бајрам Шабани“ во Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи Куманово.

По целосно документирање на случајот, како што додаваат од полицијата, против него ќе следува соодветна пријава.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Во кумановската касарна ќе се одбележи денот на Командата за операции