Во Полициска станица од Општа надлежност при СВР Куманово 49-годишна жена од Куманово вчера пријавила дека нејзината 15 годишна ќерка била уценувана од нејзин соученик кој со намера за себе да прибави противправна имотна корист и се заканувал дека ќе каже компромитирачка информација на нејзините родители и од истата барал 5.500 денари, стои во соопштението од Секторот за внатрешни работи Куманово.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, додаваат од полицијата.