Седумдесет и осумгодишен пешак од Куманово е тешко повреден откако вчера во него удрил малолетник со мотоцикл.
Loading...
– На 05.05.2022 околу 10.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека на улица „11-ти Ноември“ мотоцикл со неготински регистарски ознаки, управуван од малолетник од Куманово, удрил во Џ.Ш.(78) од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Во несреќата, како што појаснуваат од полицијата, со тешки телесни повреди се здобил Џ.Ш. констатирани во Општа болница Куманово.
Увид на местото извршила екипа од СВР Куманово.