Малолетник од Куманово бил физички нападнат од три лица вчеравечер.
Loading...
– На 29.10.2023 во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода А.З.(40), Р.З.(18) и Е.З.(38) од Куманово затоа што претходно на улицата „Анѓа Ранковиќ“ физички нападнале малолетник од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни пријави.
Никола Ивановски