Родител од Куманово пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од родител на негов соученик.
– На 28.11.2025 во 20.10 часот во СВР Куманово Л.С.(48) од Куманово пријави дека на 27.11.2025 околу 07:30 часот пред училница во основно училиште во Куманово неговиот малолетен син бил физички нападнат од родител на негов соученик, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Никола Ивановски

