Малолетник од Куманово крадел од угостителски објект

Сподели со своите пријатели

Седумнаесетгодишник од Куманово бил приведен вчера под сомение дека украл повеќе предмети од угостителски објект.

Loading...

– На 02.10.2024 во 18.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово лишиле од слобода 17 – годишник од Куманово поради сомнение дека од угостителски објект на улица „Моша Пијаде“ во Куманово одзел повеќе предмети, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што додаваат од МВР, дел од предметите биле пронајдени и вратени на сопственикот.

– По целосно документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок, стои во соопштението.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Плинска боца и бојлер предизвикаа пожари во две куќи во Куманово