Малолетник натепан од врсник во двор на училиште во Куманово

Сподели со своите пријатели

Малолетник од Куманово вчера бил физички нападнат од негов врсник, во двор на средно училиште.

– На 15.12.2025 во 15:00 часот во СВР Куманово 43-годишна жена од Куманово пријави дека истиот ден околу 09:30 часот во училишен двор на средно општинско училиште во Куманово, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник, при што бил употребен тврд предмет, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Од полицијата додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Дамјан Блажевски од КБК „Куманово“ освои бронза на турнир во Ниш (ВИДЕО)