Малолетник нападнат од врсници во угостителски објект во Куманово

Сподели со своите пријатели

Педесетгодишник од кумановско вчера пријавил дека неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку врсници.

– На 24.12.2025 во 17:10 часот во СВР Куманово, А.Г.(50) од Долно Којнаре, кумановско, пријавил дека во угостителски објект во село Добрашане, неговиот 17-годишен син бил физички нападнат од неколку малолетници, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Оттаму додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со над 2 промили удрл во возило во центарот на Куманово