Малолетник од Куманово бил тешко повреден, а 18-годишник се здобил со полесни повреди во сообраќајка која се случила на автопатот Градско – Велес.
– На 13.07.2025 околу 13.30 часот во СВР Велес е пријавено дека на експресниот пат Дреново-Градско, пред приклучокот за автопатот А1, Градско-Велес, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(27) од Скопје, излетало од коловозот, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил малолетен сопатник од Куманово, додека со повреди се здобиле возачот и другиот сопатник М.Р.(18) од Куманово, констатирани во Општата болница во Велес.
Извршен е увид од jавен обвинител и увидна екипа на СВР Велес.
Никола Ивановски