Малолетник физички нападнат во Куманово

Сподели со своите пријатели

Жена од Куманово вчеравечер пријавила дека нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од едно лице.

– На 04.11.2025 во 22:20 часот во СВР Куманово, М.М.(32) од Куманово пријави дека околу 20:00 часот на ул.„Романовска“ во Куманово, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од И.Б., информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, по целосно расчистување на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Патник бил агресивен кон вработените на ГП Табановце, имал 1,4 промили алкохол