Малолетници во Куманово употребувале пиротехника

Сподели со своите пријатели

Тројца малолетници со нивни родители завршиле во полициска станица, откако полицијата ги фатила како употребуваат пиротехнички средства.

– На 11.11.2025 околу 21:10 часот на Плоштад „Маршал Тито“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово забележале тројца малолетници како употребуваат пиротехнички средства, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при преглед кај нив се пронајдени 27 парчиња пиротехнички средства, а подоцна во полициска станица со нив е извршен службен разговор во присуство на нивните родители.

– По целосно документирање на случајот против нив ќе следуваат соодветни поднесоци, стои во соопштението.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски: Куманово ќе продолжи да расте како град на заедништво, стабилност и развој

Никола Ивановски