Малолетници се обидувале да обијат куќи во Куманово, па нападнале полицаец

Сподели со своите пријатели

Двајца малолетници од Куманово во раните утрински часови ноќва се обидувале да влезат во куќи, а откако дошла полицијата, нападнале полицаец.

– На 13.09.2025 во 02:30 часот на улица „Љупчо Арсовски” во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово лишија од слобода двајца малолетници од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, постапувајќи по претходна пријава дека се обидувале да влезат во куќи на улицата, полициски службеници ги затекнале малолетниците со тврди предмети во рацете.

Еден од нив физички нападнал полициски службеник кој вршел службени дејствија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со бензин испрскал „јагуар“ и „ауди“ во Долно Којнаре, избегал пред да ги запали

– Малолетниците се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава, стои во соопштението.

Никола Ивановски