Две малолетни лица биле затекнати како питачат на Граничниот премин Табановце, а од полицијата најавуваат кривична за нивната мајка.
Loading...
– На 01.06.2025 полициски службеници од СВР Куманово и социјални работници презедоа мерки за сузбивање на асоцијална појава питачење. Притоа, на Граничен премин Табановце биле затекнати две малолетни лица и кај нив биле пронајдени пари, информираат од Секторот за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, лицата биле предадени на нивната мајка и по целосно документирање на случајот против неа ќе следува пријава поради сомнение за сторено кривично дело по член 201 од Кривичниот законик.
Никола Ивановски