Малолетно девојче од Куманово се здобило со тешки телесни повреди откако во неа удрил 64-годишен возач со „опел корса“.
Loading...
– На 04.04.2024 во 12.05 часот во СВР Куманово било пријавено дека на паркинг простор на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „опел корса“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Т.Ж.(64) од Куманово, удрило во малолетничка-пешак од Куманово, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Како што додаваат од полицијата, во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетничката, констатирани во Општа болница Куманово.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Никола Ивановски