Малолетен кумановец со автомобил удрил во жардињера, двајца повредени

Сподели со своите пријатели

Четири лица се повредени откако петнаесетгодишник од Куманово со автомобил удрил во бетонска жардињера.

Loading...

– На 14.06.2020 во 14.50 часот било пријавено дека во Куманово на булеварот “Октомвриска револуција“ патничко моторно возило “форд фокус“ управувано од 15- годишник од Куманово удрило во бетонска жардињера, па во метална врата од сервис за миење автомобили, информираат од полицијата.

Во незгодата, како што појаснуваат од МВР, со тешки телесни повреди се здобил 17-годишен сопатник, а со телесни повреди се здобил друг сопатник Ф.Ј.(18) двајцата од Куманово, по што биле пренесени во Општата болница Куманово за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.

Никола Ивановски

Leave a Reply