Најпознатата американска градба, белата куќа, изградена е во далечната 1792 година. Познатата резиденција го добила своето име токму поради белата фасада. Од 1934 година до денес вилата не го менувала изгледот, а ова се тајните кои ги крие американскиот дом.
Белата куќа има 132 соби, 35 бањи, шест ката, 412 врати, 28 камини, 7 скали, 3 лифта, 5 готвачи, неколку градини, тениски и кошакарски терени, кино, патека за трчање… Сето тоа постои во големата куќа.
Белата куќа има двојник
Наводно ирскиот архитект Јамес Хобан плановите за белага куќа ги направил по примерот на куќа во Дабил која денеска е седиште на ирскиот парламент.
Името го добила во 1901 година
Дури во 1901 година Теодор Рузвелт го дал името кое се користи и денес. Претходно користеле називи како Претседателска куќа, Претседателски дворец и слично.
Првиот претседател никогаш не живеел во неа
Првиот американски претседател никогаш не живеел во претседателската резиденција, нејзиниот прв жител бил неговиот наслеедник, Џон Адамс, кој се вселил во 1800 година. Иако Вашингтон ја избрал локацијата, како и архитектот, изградбата започнала во 1891 година и траела осум години. Изградбата чинела 232 илјади долари, во денешно време околу четири милиони.
Прва филмска проекција
На првата филмска проекција во Белата куќа прикажан е филмот „Раѓањето на една нација“. Почетокот на филмската вечер во Белата куќа бил пред 101 година, кога Вудро Вилсон одлучил да биде домаќин на проекцијата на филмот. Историската драма која зборува за успонот на Ку Клакс Кланот во САД, а веќе тогаш предизвикал бројни критики за оправдување на расната сегрегација. На првата проекција гостувале и режисерот Грифит и авторот на романот по кој е снимен филмот Томас Диксон. Најмногу филмови изгледал Џими Картер, дури 480.
Првиот лифт
Рузвелт вградил рампи и лифтови, за да Белата куќа ја направи достапна за инвалидите. Дал наредба за изградба на базен, кој Никсон го прекрил и наместо тоа создал сала за новинари.
Првиот апарат за кафе
Познат актер при посета на Белата куќа, забележал дека во неа не постои апарат за кафе па одлучил да купи сам. Година дена подоцна, кога повторно дошол во посета, го донел новиот модел.
Духови во вилата
Многу гости, но и станари, тврдат дека духот на покојниот претседател Абрахам Линколн се уште лута низ собите на Белата куќа. Најпозната е приказната на Винстон Черчил, кој тврдел дека налетал на духот крај каминот. Черчил повеќе никогаш не влегол во спалната соба на Линколн.
Некогаш можело без проблем да се влезе во Белата куќа
Прославатана инаугурацијата на Адре Џексон во 1829 година привлекла многу луѓе, па персоналот морал посетителите да ги измами надвор така што делеле виски.
Куќа под куќата
Под Белата куќа, во подрумот, постои цел град. Никсон изградил простор за куглање, а постои и цвеќара, чоколадарница, дури и забна ординација.
Големи трошоци
Пред Бил Клинтон да ја напушти Белата куќа, неговиот персонал направил штета од 40.000 долари. Намерно го извадиле копчето „W“ од тастатурите, ги залепиле фиоките на масите, оставиле чудни телефонски пораки.
На критиката одговориле дека не е необично персоналот на поранешниот претседател да се пошегува со новите станари. Наводно и персоналот на Буш при заминувањето ги извадил телефонските жици и оставиле заканувачки пораки, вклучително и една која гласела: „Ќе се вратиме“.