„Мали чекори кон здрав живот“ – работилница за најмалите во кумановската градинка

Сподели со своите пријатели

Во објектот „Развигорче“ при ЈОУ Детска градинка „Ангел Шајче“ – Куманово се одржаа активности во рамките на проектот „Мали чекори кон здрав живот – храни се здраво, биди активен низ игра, радувај се на животот!“.

Проектот се реализира со финансиска поддршка добиена по јавен повик за организирање превентивни мерки и активности во областа на социјалната и детската заштита преку Општина Куманово.

 

 

Во работилницата учествуваа деца од најголемата возрасна група од градинката, нивните воспитувачки, медицинска сестра – едукатор, како и претставници од Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Мицкоски: Околу 12 милиони евра вложуваме во Куманово за инфраструктурни проекти

Децата имаа можност преку пет интерактивни активности да научат повеќе за здравата исхрана и значењето на физичката активност.

Тие препознаваа и сортираа здрава и нездрава храна, цртаа и изработуваа здраво мени, играа едукативна игра со коцка „Јади здраво, расти здраво!“, цртаа и боеја омилено овошје и зеленчук, а преку табела со ѕвездички водеа евиденција „Што изеде денес?“.

 

 

Главната цел на проектот е децата уште од најрана возраст да стекнат здрави навики преку визуелно препознавање, логика и игра, а во активностите се предвидува и вклучување на родителите.

Организатор на активностите е Здружението на виши и средни медицински сестри, техничари и акушерки – Куманово, а проектот ќе продолжи и во другите објекти на градинката во текот на наредните месеци.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Со 700.000 евра ќе се реконструира спортскиот комплекс „Соколана“ (ФОТО)

Никола Ивановски