Мали, Буркина Фасо и Нигер се повлекуваат од Меѓународниот кривичен суд

Сподели со своите пријатели

Западноафриканските земји Мали, Буркина Фасо и Нигер објавија во заедничка изјава дека се повлекуваат од Меѓународниот кривичен суд (МКС), нарекувајќи го „инструмент на неоколонијална угнетување“.

Мали, Буркина Фасо и Нигер се членки на МКС во Хаг повеќе од две децении, но во соопштението велат дека веруваат дека судот не е способен да ги гони воените злосторства, злосторствата против човештвото, агресијата и геноцидот, иако не дадоа конкретни примери, објави Ројтерс.

Овој потег е најновиот во низата дипломатски промени во регионот Сахел, каде што се случија осум државни удари помеѓу 2020 и 2023 година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Прв азиски лидер на судење во Хаг: Обвинет за стотици убиства

Трите земји, управувани од воени режими, претходно се повлекоа од Економската заедница на Западна Африка (ECOWAS) и го формираа Сојузот на државите од Сахел.

Овие три земји се соочуваат со вооружени исламистички групи кои контролираат големи територии.

Организациите за човекови права, како што е Human Rights Watch, ги обвинуваат и милитантите и армиите на Буркина Фасо и Мали и нивните партнери за можни воени злосторства.