Мал чекор за човештвото, но голем за двете Кореи

Сподели со своите пријатели

Пратеници на Северна и Јужна Кореја се ракувале во женева и заедно наздравиле за мирот, со швајцарско вино, јавува Ројтерс.

Агенцијата истакнува дека се работи за редок чин на пријателство и гест кој наговестува затоплување на односите помеѓу двете земји.

Јужнокорејскиот пратеник и политичар Јунг Чин се ракувал со директорот на Националниот институт за повторно обединување и заменикот претседател на Врховното народно собрание на Северна Кореја, ри Јонг Хјок, јавува очевидецот на Ројтерс.

Тие присуствувале на годишното заседавање на собранието на Интерпарламентарната унија, меѓународна организација која собира пратеници од целиот свет.

Leave a Reply