Максим Димитриевски: Војници спијат во шатори полни со вода (галерија+видео)

Сподели со своите пријатели

Претседателот на комисијата за одбрана на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Максим Димитриевски вчера одржа прес конференција на која обелодени фотографии како докази дека македонските војници спијат во шатори полни со вода, информации кои медиумскиот мрак ги крие од јавноста.

 

Loading...

[huge_it_gallery id=”326″]

 

Според Димитриевски над 57 војници се сместени во простор од 90 квадратни метри, а над 400 војници се принудени личната хигиена да ја одржуваат на една чешма, поради недостаток на топли тушеви и уредни санитарни јазли.

Во време кога цела Европа се обединува во борба против глобалниот тероризам нашите припадници на АРМ, во нечовечки услови секојдневно ги извршуваат нивните службени задачи во заштита на јужната државна граница. Војниците на АРМ спијат во руинирани гаражи, во шатори полни со вода, без греење – рече Димитриевски.

Тој упати прашање до актуелниот министер за одбарана Јолевски дали ова е очтетот за проектот „АРМ мојот вистински дом“.

Зошто лажно се фалевте пред македонската јавност дека наводно ги решавате проблемите на припадници на АРМ кога еве каква е реалноста со којашто се соочуваат. Овој срам, ова рушење на достоинството на припадниците на АРМ го кријат медиумите под контрола на Никола Груевски, платени со пари на граѓаните – изјави Максим Димитриевски на вчерашната перс конференција.

Димитриевски порача дека и покрај медиумскиот мрак сепак вистината ќе излезе на виделина.

Груевски потроши 630 милиони евра на споменици, метална и камена фаланга, а реално ја разнебитува одбраната, професионалците ги депримира а армијата ја партизираше. Со погрешни, криминални политики Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ одбраната ја доведоа на дното на општеството – порача Димитреивски.

Претседателот на комисијата за одбрана порача дека СДСМ со превземање на одговорноста да ја води државата ќе ги промени работите во одбраната, армијата ќе ја деполитизира во  целост и ќе обезбеди соодветни услови за нормално вршење на службените задачи на војниците.