Максим Димитриевски: Кумановци нема да плаќаат поскапа вода

Сподели со своите пријатели

„Кумановчани нема да плаќаат поскапа вода, цените на Регулаторната комисија се нереални, неиздржани и несоодветни. Водостопанство ни должи премногу, време е да ни го врати нашето“, напиша градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски на социјалните мрежи.

Ваквиот став и реакција на Димитриевски следува по одлуката на Регулаторната комисија за енергетика да се зголеми цената на суровата вода.

Куманово во изминатите години на ЈП „Водостопанство Кумановско – липковско поле“ плаќаше најскапа цена на сирова вода во целата држава. Со новите цени кумановци би требале да плаќаат за четири денари по кубик повеќе, што значи 47,35 денари за кубик за домаќинствата, односно 55,54 денари за претпријатијата.

Меѓутоа, овие цени се уште нема да стапат на сила се додека Советот на Општина Куманово не даде зелено светло за поскапувањето.

Јавното претпријатие „Водовод“ е незадоволно од ваквата одлука и најавуваат тужба пред Уставниот суд против одлуката на Регулаторната комисија за енергетика, а тужба вчера најави и Општина Велес.